Македонскиот кошаркарски тим Феникс 2010 полека го комплетира составот за новата сезона каде од него ќе биде и американскиот кошаркар Маркис Дејвис кој денес бепе промовиран.
Игра на бековската и крилната позиција каде својата колеџ кариера ја помина на Универзитетот Аркансас каде во својата последна сезона бележеше просек од 9.8 поени и 4.5 скокови по натпреар.
„Виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече и со веќе стекнато интернационално искуство со оглед на тоа што минатата сезона настапуваше во финскиот шампионат за КТП Баскет, а добро му е познато и соседството бидејќи настапи и во Босна и Херцеговина за Славија Сараево бележејќи просек од 7.6 поени и 5.0 скокови.