Кошарка

Македонските млади кошаркари го освоија 15.место на ЕП

Македонските млади кошаркари го освоија 15.место на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години настапот на Европското првенство во „А“ дивизија кое се одржа во Полска го заврши со триумф славејќи против Црна Гора со 81-69. Со тоа тимот предводен од Боро Смилковски го заврши првенството на 15. место.

Со 15 поени Теодор Симиќ беше прв стрелец на Македонија, а него го следеа Бојчев и Стојаноски со по 13 поени и Бошалески со 12 поени. Иванов постигна 11 поени.

To top