Кошарка

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во полуфиналето на ЕП

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во полуфиналето на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македониија до 18 години го одигра најдобриот натпревар на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија и со победа над Португалија од 71-42 се пласира во полуфиналето.

Избраниците на селекторот Андреевски експлодираа во СРЦ „Кале“ и донесоа значајна победа. Во меч во кој немаше осцилации, во кој се водеше од самиот почеток до крајот,

Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од сигурно место во А-дивизијата.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Марко Луканоски со 17 поени и 14 скока, пред Никола Јаничиќ со 16 поени, седум скока и четири асистенции.

Двоцифрен учинок имаа и Стефан Стојковиќ (13 п.) и Лука Марјановиќ (10 п.). Кај Португалија Натан Норона заврши со 12 постигнати поени.

To top