Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија беше далеку од ситуација да направи изненадување на првото од двете гостувања во вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот 2027 година.
Селекцијата на Данска денеска беше многу подобар ривал од македонската и дојде до триумф изразен со висока позитива (125:57).
Мерит Хемпе одигра на европско ниво, забележа ефект од 27 поени (2/4 за три, 8/11 за два и 5/6 за еден поен), на кои додаде и три скока и две асистенции. Селцова заврши со 10 поени (шест скока и пет асистенции), а Стојановска имаше осум поени и седум скока.
За три дена, односно на 14 март, Македонија има уште едно гостување. Она во Солун, каде за противник ја имаме репрезентацијата на Грција.