Кошарка

Македонските кошаркари со достоен отпор во дуелот против Грција

Македонските кошаркари со достоен отпор во дуелот против Грција

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за Евробаскет 2027. Вечерва во Скопје подобра беше селекцијата на Грција со 84:101.

Македонија одигра одлични десет минути. Имавме водство и добра игра на двата краја од теренот.

Грција возврати во втората четвртина. Брзо направи пресврт и стигна до предност поголема од 20 поени. Нашите репрезентативки не се предадоа. Четвртата четвртина ја одиграа борбено и се доближија на само минус осум.

Сепак немаа сили нашите кошаркарки комплетно да ја анулираат негативата па на крајот Грција триумфира.

Анџелика Митрашиновиќ беше на чекор до троен ефект. Натпреварот го заврши со 23 поени, 10 асистенции и девет скока. Одлична беше и Илина Селцова со 19 поени и три тројки од пет обиди, се Мерит Хемпе постигна 16 поени.

To top