Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја запиша четвртата победа во претквалификациите за Европското првенство 2029.
На гостувањето во Баку, против Азербејџан Македонија многу потешко од очекуваното славеше со 70-78.
Домаќинот одлично го започна натпреварот со осум врзани поени (8-0). На црвено-жолтите им требаше време да фатат ритам, па не дозволи ја противникот да оди во цифрена предност. Азербејџан го доби првиот квартал со 28-19 .
Затоа веќе на стартот на вториот квартал дојде двоцифрената предност. Во еден момент, највисоката, изнесуваше дури +18 за Азербејџан. Во завршните не цели три минути, црвено-жолтите направија серија од 0-9, па на пауза заминаа со седум негатива (44-37).
И во текот на третата четвртина Азербејџан постојано беше во предност се до завршната минута кога македонските репрезентативци за првпат поведоа со 56-58.
Во последниот квартал нашиот репрезентативци беа оние кои го контролираа резултатот, а има и најголеми десет поени предности. Тоа се покажа како доволно на крајот да се пише четвртата победа во овие претквалификации.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Андреј Јакимовски кој постигна 22 поени, а на кои додаде 10 скокови.
Следните два натпревари, воедно и последни од овие претквалификации, ќе се играат во јули месец. Прво Македонија ќе игра на домашен терен против Ирска, а на крај ќе гостува кај Луксембург.