Кошарка

Македонија со три претставника во кошаркарската АБА-2 лига

Македонија со три претставника во кошаркарската АБА-2 лига

Македонија следната сезона ќе има три претставници во второлигашката конкуренција во АБА лигата.

Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во АБА-2 лигата ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига.

Сега се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости.

Ждрепката за новата сезона во АБА-2 лигата ќе биде извршена на 15-ти јули.

 

To top