Кошарка

Македонија со сребро се враќа од 3×3 баскет турнирот во Србија

Македонија со сребро се враќа од 3×3 баскет турнирот во Србија

Нашата најреномирана 3×3 екипа учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица, со малку изменет состав и го освои второто место и сребреното одличје.

Во финалето загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Hill Top.

Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа кој го замени Марко Дујкович, кој сеуште се нема приклучено на припремите после добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар.

Ова го означува почетокот на припремите на екипата Кино Влае, во лето каде што ги очекуваат турнири на домашната сцена, но и многу меѓународни турнири во соседните земји.

 

To top