Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години оствари убедлива победа над Словачка од 80:54 на вториот пријателски меч во Скопје.
Нашите надежи комплетно го надиграа противникот во СРЦ „Кале“ каде ги добија сите четири четвртини. На полувреме водевме со 36:20, предност која дополнително ја зголемивме во вториот дел.
Симиќ со 19 поени беше прв стрелец (имаше и 6 скока и 2 асистенции), Бошалески уфрли 17 (плус 7 скока), а Стојаноски застана на 15 кошеви (5 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки).