Кошарка

Македонија ги дозна ривалите во претквалификациите за ЕП 2029

Македонија ги дозна ривалите во претквалификациите за ЕП 2029

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе тргне од самиот старт на патот кон следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2029 година.

За пласман на континенталниот собир нашата селекција ќе треба да мине три квалификациски филтри, а веќе е позната претквалификациската група.

Македонија доби релативно лесни ривали и ќе игра во единствената група која брои четири репрезентации, а останатите две имаат по три. Нашата селекција ќе игра против Луксембург, Ирска и Азербејџан во групата А.

Група А: Македонија, Луксембург, Ирска, Азербејџан

Група Б: Бугарија, Ерменија, Норвешка

Група Ц: Словачка, Албанија, Косово

Претквалификациите ќе се играат во три ФИБА прозорци и тоа: од 24 ноември до 2 декември оваа година, од 23 февруари до 3 март и од 29 јуни до 7 јули во 2026.

 

To top