Машката кошаркарската репрезенатција на Македонија од денес ќе биде во Скопје и ќе се подготвува за дуелите со Естонија и Полска.
За овој репрезентативен собир селекторот Александар Јончевски веројатно ќе биде без Војдан Стојановски.
Еден од носителите на играта на Македонија се повреди во финалето на Купот против Пелистер, а поради тоа е тешко да се очекува дека ќе може да се опорави навреме за дуелите кои следат.
Станува збор за повреда на задниот бутен мускул, што не е многу сериозно, меѓутоа времето за заздравување е премало.
Македонија в петок ќе ја дочека Естонија во СРЦ „Кале“, додека три дена подоцна следи гостување во Полска.