Кошарка Очекувана одлука

Макаби без публика ќе го пречека Баерн во Белград

Макаби без публика ќе го пречека Баерн во Белград

В четврток израелскиот кошаркарски гигант Макаби ќе го одигра својот прв евролигашки натпревар како домаќин во Белград откако неодамна раководството на клубот ја прифати поканата од српската престолнина таму да ги пречека своите ривали.

Прв противник ќе биде Баерн, а натпреварот ќе се игра без публика бидејќи само на тој начин би се гарантирала безбедноста на сите учесници. Тоа не значи дека и на следните дуели на Макаби нема да има публика на трибините на Пионир каде израелскиот тим ќе биде домаќин.

По дуелот со Баерн, Макаби месецов ќе ги пречека уште Олимпијакос и Барселона. Израелците не можат да играат во Тел Авив поради воената состојба во земјата.

To top