Најдобриот кошаркар на светот на сите времиња, Мајкл Џордан присуствуваше на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите меѓу Монако и Барселона.
Средбата одиграна синоќа во Монте Карло заврши со резултат 2:1 во корист на домаќините.
Голем број навивачи го искористија присуството на поранешниот НБА-играч и предводник на Чикаго булс, да направат селфи.
Џордан во ВИП ложата на стадионот „Луј Втори“ имаше средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. (МИА)