Кошарка пак да дојде

Мајкл Џордан оставил неверојатен бакшиш во Грција

Легендарниот Мајкл Џордан неодамна беше забележан во Грција, а поводот за посетата беше ексклузивен настан организиран од неговиот бренд, на кој присуствуваа и актуелни НБА ѕвезди, меѓу кои Лука Дончиќ и Бем Адебајо.

Еден од највпечатливите моменти од престојот на Џордан се случил во луксузниот ресторан „Папајоану“ во Вулијагмени, атинско предградие познато по елитната понуда и погледот кон Егејското Море. Вечерата, која се одржа буквално на самиот брег, беше подготвена од сопственикот Џорџ Папајоану, кој лично се погрижил сè да биде на врвно ниво.

Но, она што најмногу ги изненади вработените не беше само престижот на гостите, туку гестот на Џордан на крајот на вечерта кој пред да замине оставил бакшиш од неверојатни 10.000 евра. Келнерите велат дека тоа е момент што ќе го паметат цел живот и со гордост ќе го прераскажуваат.

To top