Денвер донесе две тешки одлуки во период од само еден час и означи крај на соработките со тренерот Мајк Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут, па во моменти кога цела спортска Америка пишува за повлечените потези, франшизата од Колорадо информираше и кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.
Нагетси играат топло-ладно од стартот на сезоната и имаа неколку разочарувачки резултати во последно време, но серијата од четири порази во низа направија Мелоун да ја загуби работата после цели 10 години.
Педантниот Мајк беше симбол за Денвер изминатава деценија, но од денеска неговата задача во првиот тим ќе ја извршува Дејвид Аделман.
Водечките луѓе на Денвер информираа дека Аделман ќе го води тимот во најмала рака до крајот на сезоанта, а појаснуваат дека тешката одлука за разделбата со Мелоун и Бат е донесена за да му се даде шанса на тимот да бори за титулата.