Македонскиот кошаркарски тим Пелистер договори уште едно засилување во пресрет на новата сезона.
Нов член на битолскиот клуб е Мајк Едвардс кој доаѓа од редовите на Ткибули Орби од Грузија каде што настапуваше минатата сезона.
Американецот беше лидер на овој тим и имаше просек од 15,5 поени и 6,8 скока по натпревар. Се работи за кошаркар кој потекнува од Универзитетот Џорџија, со кој настапуваше во НЦАА лигата до 2019 година.
Потоа Едвардс има настапи за клубови од Канада, Азербејџан, Русија, Косово и последно Грузија.