Тимот на Маџари запиша ептен значајна победа во 21. коло од кошаркарската Суперлига, совладувајќи го Феникс 2010 со резултат 82-72, триумф со кој го потврдија местото во плеј-офот на шампионатот на Македонија.
Најефикасен во редовите на Феникс беше Рахама со 21 поен, додека кај победничкиот тим се истакна колективната игра, со тројца кошаркари кои постигнаа по 16 поени – Хот, Димчевски и Армстронг.
Ова е единаесетти триумф за Маџари сезонава, со кој тимот се искачи на четвртото место на табелата, иако има натпревар повеќе од директниот конкурент Кожув.
На спротивната страна, Феникс 2010 го запиша својот тринаесетти пораз.