Аргентинскиот кошаркарски репрезентативец, Лука Вилдоза, е на излезната порта на Панатинаикос, а според италијанските медиуми тој би можел да го напушти клубот од Атина веќе во јануари следната година.
Неговиот однос со Ергин Атаман е прилично нарушен и тоа откако турскиот тренер се надеваше дека „Кошаркарскиот Меси“ ќе биде еден од клучните играчи во играта на Панатинаикос.
Според италијанскиот аналитичар, Фабрицио Лоренци, постои можност Вилдоза наскоро да го облече дресот на Армани џинс.