Мајами планира да се ослободи од Џими Батлер и да го доведе Лука Дончиќ од Далас, пишува познатиот весник „Мајами Хералд“.
Претседателот на Мајами, славниот Пет Рајли, по три суспензии, јавни прозивања и расправии, сака да го земе во своите редови еден од најдобрите плејмејкери во лигата.
Ова е последна година од неговиот актуелен договор, а доколку ја искористи опцијата од договорот да го продолжи престојот во Мајами за уште една година, Мајами би морале да му платат 52,4 милиони долари.
Мајами дефинитивно не го сака тоа. Тој сака да го расчисти просторот за „салари капот“, за следното лето да има над 80.000.000 долари бесплатно во „селери капот“.