Ново име за клупата на тимот од Гевгелија е Љупчо Малинков, кој ќе го преземе кормилото од Апостоли Апостолов.
Досегашниот предводник на Кожув ќе остане во клубот, но ќе работи во младинските категории.
Малинков во својата тренерска кариера работеше Еуро Никел, ФМП Академија и последно во Гостивар а имаше и ангажмани во Косово.
Оваа сезона Кожув има солиден скор од пет победи и четири порази и котира на позициите кои водат во плеј-офот.