Кошарка

Лејкерси го загубија дербито на Лос Анџелес,повреда на Лука Дончиќ

Лејкерси го загубија дербито на Лос Анџелес,повреда на Лука Дончиќ

Дербито на вечерта во НБА лигата се одигра во Лос Анџелес каде се сретнаа двата тима од овој град. На победа се радуваа кошаркарите на Клиперси кој славеа над Лејкерси со 103-88.

Најдобриот стрелец на „езерџиите“ и во лигата, Лука Дончиќ предвреме го заврши натпреварот. Тој одигра само 19 минути во првиот дел во кој постигна 12 поени, пет скока и две асистенции. Сепак на паузата Лука замина во соблекувалната и не се врати. Лејкерси соопштија дека Словенецот имал повреда на левата нога и дека дополнително ќе се прават прегледи. И во ѕтимот на Клиперси со повреда се здоби Хрватот, Ивица Зубац кој заработи дисторзија на скочниот зглоб, откако стапна на Леброн Џејмс.

Што се однесува до натпреварот. Клиперси до победата стигнаа благодарение на одличниот шут од далечина постигнувајќи 16 тројки, а Лејкерсите промашија дури 32.

Кавај Ленард постигна 32 поени, Џејмс Харден имаше 21 поен и 10 асистенции, а Џон Колинс додаде 17 поени и 12 скока. Кај Лејкерси во отсуство на Дочиќ, прв стрелец беше Леброн Џејмс со 36 поени, најмногу сезонава.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top