Кошарка

Легендарната шампионка на WNBA загина во страшна несреќа

Легендарната шампионка на WNBA загина во страшна несреќа

Познатата американска кошаркарка Кара Брекстон загина во страшна сообраќајна несреќа во Атланта. Кара Брекстон имаше само 43 години, а засега нема информации дали имало други смртни случаи или повреди во судирот во кој учествувала, ниту дали во тој момент го управувала возилото.

Таа е двократна шампионка на WNBA лигата која се прослави играјќи за Детроит, со кого освои прстен во 2006 и 2008 година, додека еднаш се појави и во Ол-стар натпреварот.

„Со голема тага жалиме за смртта на двократната шампионка на WNBA, Кара Брекстон. Нашите мисли се со нејзиното семејство, пријателите и поранешните соиграчки во овој момент“, се вели во соопштението на лигата откако дозна за трагичната несреќа.

За време на нејзината кариера, таа играше и за Талса, Финикс и Њујорк, а нејзината кариера заврши во 2014 година, додека ја видовме и надвор од WNBA – во Полска, Турција, Кина и Русија.

To top