Според Леброн Џејмс кога сезоната ќе се сведе на последните четири тимови (во НБА лигата – конференциско финале) одлучува кошаркарската интелигенција. Во тој случај неизбежно беше да се спомене Никола Јокиќ кој според „Кралот“ е во негов ранг.
„Четирите најдобри тимови ќе бидат тимовите со најдобрите играчи и најдобрите тренери. Тоа што ќе ги разликува е кошаркарската интелигенција. Бидејќи постојат моменти во играта за кои тренерот и скаутингот не можат да ве подготват, не може ни да ве подготви историјата на спортот. Тука морате да имате кошаркарска интелигенција за да се прилагодите веднаш. Ако го немате тоа ниво на ментален склоп или тој капацитет тогаш тим како Денвер со еден од интелигентните кошаркари кои сме ги виделе во Никола Јокиќ, Голден Стејт со Дрејмонд и Стеф, било кој мој тим со кој играв во финалето остапува“, изјави Џејмс.