Ветеранот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одби да коментира за суспензијата на плејмејкерот на Клиперси, Крис Пол.
-Не сум разговарал со него. Искрено, не е моја работа да коментирам. Не е моја работа, рече Џејмс, близок пријател на плејмејкерот.
Клиперси го испратија Крис Пол на 3 декември дома откако се појави во 16 натпревари оваа сезона, со просек од 2,9 поени и 3,3 асистенции за 14,3 минути по натпревар.
Пол претходно објави дека оваа сезона ќе му биде последна.