Леброн Џејмс, полека го најави своето пензионирање. Кралот игра во одлучна форма, против Мемфис оствари нов трипл-дабл (35п, 12а, 14с), со што докажа дека годините се само бројка за него.
По натпреварот против Гризлис, во разговор со новинарите, тој изјави дека е свесен дека наскоро му се ближи 40-тиот роденден и дека не верува дека уште долго ќе игра кошарка на професионално ниво.
– Нема да играм уште долго време, да бидам искрен, една-две години. Ќе играм додека не испаднат тркалата – изјави Џејмс.