Популарниот Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, објави дека Голден Стејт е тимот кој сака со Леброн да освои барем уште една титула.
Од друга страна, желбата на Леброн е да освои прстен со својот син во тимот, а на сите им е јасно дека Лејкерс тешко ќе стигнат до ниво и ќе се борат за освојување на титулата оваа сезона.
„Езерџиите“ бараат нов центар, а се споменува Валанчиунас, а ако не дојде до посериозна размена, можно е Леброн во пакет со својот син да замине за Сан Франциско.