Американскиот кошаркар Леброн Џејмс сака да инвестира токму во Лас Вегас. Тој би бил дел од конзорциум составен од големи компании, пред се Ред Бул и уште неколку богати бизнисмени.
Лигата бара инвестиција од најмалку седум милијарди евра, а Вегас би добил нова сала. Градот во Невада има само 700.000 жители, но и огромна флуктуација на туристи.
Порано не беа познати по професионалните спортови, но по ред се појавија Рајдерс во НФЛ, Голден Кнајтс во хокеј и кошаркарките на Ејсис.