Кошарка

Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.

– АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.

Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.

– Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.

Џејмс кој наскоро ќе наполни 40 години се уште е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

To top