Кошарка

ЛА Лејкерси со победничка тројка против Орландо

ЛА Лејкерси со победничка тројка против Орландо

Леброн Џејмс е сопственик на уште еден НБА рекорд кој тешко дека некој во догледно време ќе го сруши.

Синоќа играчот на ЛА Лејкерс, во дуелот со Орландо го одигра 1612 меч од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата со што го помина Роберт Периш, кој го држеше овој рекорд речиси 30 години.

Лејкерски од друга страна пак, со тројката на Лук Ленард на 0.6 секунди до крајот на мечот обезбедија екстра победа на Флорида со конелни 104:105.

Oва за тимот од ЛА беше деветта последователна победа, а Лука Дончиќ кој што е во фантастична форма во моментов стигна до 33 поени, но и до шестнаесеттата техничка грешка во оваа сезона. Доколку лигата на ја поништи истата му следува суспензија од еден меч.

Во вториот пак дуел кој што ја одбележа оваа НБА вече, Шај Гилџес Александер му донесе на својот тим Оклахома Сити нова победа од 132:111 над Вашингтон. Ова беше единаесетти триумф на Оклахома по ред. Александер забележа 40 поени, а дуело го одбележа и инцидентот во кои што беа исклучени четири играчи.

Александер со ова го продолжи сопствениот рекорд на 63 мечеви на гостински терен со минимум 20 поени.

Резултати:

Шарлот – Мемфис 124:101

Њу Орлеанс – Кливленд 106:111

Орландо – ЛА Лејкерс 104:105

Атланта – Голден Стејт 126:110

Хјустон – Мајами 123:122

Сан Антонио – Индијана 134:119

Далас – ЛА Клиперси 131:138 (по продолженија)

Јута – Филаделфија 116:126

To top