Кошарка НБА

ЛА Лејкерс предводен од Дончиќ со пресврт до победа

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска остварија победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 111:103

ЛА Лејкерс предводен од Дончиќ со пресврт до победа

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска остварија победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 111:103. Триумфот е позначаен бидејќи беше остварен со неверојатен пресврт во последниот период, кои „езерџиите“ го добија со 32:17. Претходно домаќинот имаше водство од средината на вториот период, до последната четвртина.

Клучен играч во победата беше Лука Дончиќ, кој постигна тројка за 105:96, а дуелот го заврши со 30 поени и 10 асистенции. Ист број поени постигна и Леброн Џејмс – 30, а најефикасен на дуелот беше Треј Марфи кај поразената екипа со 42 поена.

Резултати на ноќешните дуели: Минесота – Мајами 122:94, Индијана – Кливленд 116:120, Вашингтон – Орландо 120:112, Мемфис – Сан Антонио 106:105, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 103:111 и Сакраменто – Далас 98:100.

Поврзани теми

To top