Лос Анџелес Лејкерс во неделата го испрати бекот Д’Анџело Расел, крилото Максвел Луис и три избора на драфтот од втората рунда во Бруклин Нетс во замена за крилото Доријан Фини-Смит и Шејк Милтон.
Според договорот, Лејкерси ќе ги дадат своите пикови на Бруклин во втората рунда на НБА драфтот во 2027, 2030 и 2031 година, објави американската медиумска компанија „ЕСПН“.
Ова е втор пат Лејкерси да го испраќаат 28-годишниот Расел во Нетси. „Езерџиите“ го избраа Расел на драфтот во 2015 година, а по две сезони беше испратен во франшизата од Бруклин.