Американската кошаркарска легенда Крис Пол ќе ја одигра својата последна сезона во
По заминувањето од Сан Антонио, ветеранот беше по потрага по нов клуб, а сега стана јасно дека ќе настапува за Лос Анџелес Клиперси.
За Пол ова ќе биде кам-бек во тимот за кој со успех настапуваше во периодот од 2011 до 2017 година.
Во својот прв мандат во Клиперс, Пол беше клучен дел од славната „Лоб Сити“ ера, заедно со Блејк Грифин и Деандре Џордан, оставајќи силен печат во историјата на франшизата.
Минатата сезона во просек бележеше 8.8 поени, 7.4 асистенции и 3.6 скокови за 28 минути по натпревар.