Нова лоша вест за Далас Маверикс кој остана и без услугите на Кајри Ирвинг. На мечот против Сакраменто Кингс ги повредил лигаментите на коленото, а тоа за него значи крај на сезоната.
Кошаркарот на Маверикс сезонава одигра 50 од вкупно 62 меча и држеше феноменален просек од 24,7 поени по натпревар.
За Далас Маверикс ова е отежнување плус во борбата за плејофот, бидејќи претходно се повреди Ентони Дејвис, а Лука Дончиќ го трампаа во Лејкерси.