Кожув го совлада Феникс, на гостински терен со 72-80 во рамките на 20 коло во Првата лига.
Двата тима одиграа доста интересен меч, со тоа што истиот беше решен во последниот период, кој Кожув го заврши со 10-19 и ги осигура бодовите.
Стевановиќ постигна 20 поени, Пилепиќ 19, додека Колев 18 во редовите на победничкиот тим. На другата страна Шепард и Бертранд имаа по 12 поени.
Шкупи успеа да стави крај на серијата од три порази во ноза, откако го совлада Гостивар со убедливи 9-70 во битката од долниот дел од табелата.
Мохамед и Сила им по 24 поени во редовите на победничкиот состав, кај поразениот тим, Елис, исто имаше 24 поени.