Кошаркарите на Кожув ја оправдаа фаворитската улога против Шкупи со 94-89 во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Најдобри поединци кај Кожув беа Стевановиќ со 27 поени, и Пилепиќ со 22 поени, додека Колев мечот го заврши со 26 поени. Кај гостите се издвоија Мохамед со 23 поени и Сила со 21 поен.