Во пресрет на почетокот на завршницата од шампионатот во Првата лига на Македонија, кошаркарските судии го кренаа гласот и од Кошарката федерација на Македонија бараат да си ги извршува најосновните обврски.
Поточно, судиите поставија рок и од КФСМ бараат да им се исплатат заостанатите долгови. Ова беше одлучено на седницата на Судиската комисија која што се одржа пред неколку дена. Арбитрите посочија дека доколку не го добијат заработените парични средства до осми овој месец, да не се делегираат судиите за тогашните натпревари.
Исто така, судиите бараат состанок во кој ќе се донесе одлука за значително зголемување на таксите на службените лица, почнувајќи од следната натпреварувачка сезона.