Кошарка

Кошаркарските млади селекции ги добија ривалите на ЕП

Кошаркарските млади селекции ги добија ривалите на ЕП

Три селекции во машка, и една во женска конкуренција, во Фрајзинг каде беше извршена официјалната ждрепка, ги дознаа противниците за претстојните европски младински првенства.

Машката кадетска репрезентација на Македонија, која ќе биде и во улога на домаќин, на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6. до 15.август ќе се игра во нашиот главен град, ќе биде дел од групата „Б“.

Покрај нашата селекција, во ова друштво се уште и репрезентациите на Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд и Кипар.

Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24.јули до 2.август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија.

Во првата фаза на турнирот во Хрватска, ќе се соочат со противници како што се Шведска, Унгарија, БиХ и Грузија, кои се дел од групата „Д“.

Ова лето, нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10.до 19.јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години.

Првата натпреварувачка фаза нашите младинци ќе ја стартуваат во групата „А“, во која се најдоа и националните тимови на: Шведска, Ирска, Словачка и Азербејџан.

Женскиот младински репрезентaтивен сегмент ова лето ќе го претставува нашата селекција „Под 18“ години.

Нашите најдобри јуниорки ќе играат на евро-шампионатот од Дивизијата „Б“ во романската Тулчеа, во период од 31.јули до 9. август.

Ждрепката ги постави во групата „Д“ во која се уште националните селекции на Грција, Словачка, Велика британија и Данска.

To top