Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го загуби и мечот со Шведска во борбата за 17. место на Европското првенство (Б дивизија) во Романија.
Овојпат нашите кошаркарки беа поразени со 74:53 и со тоа завршија како последни на турнирот во Плоешти.
Првата четвртина ја добивме со 19:14, но наредните три ги загубивме со тоа што во завршната бевме декласирани со 25:9.
Пислевска со 15 и Николиќ со 13 поени беа најефикасни во македонскиот табор.