Кошарка

Кошаркарските јуниори против Австрија за прво место на ЕП во Скопје

Кошаркарските јуниори против Австрија за прво место на ЕП во Скопје

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација до 18 години го доби името на противникот во финалето на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје.

Нашите момци кои веќе обезбедија пласман во А Дивизија во финаалето ќе играат против Австрија за првото место на шампионатот. Во второто полуфинале оваа репрезентација ја совлада Полска со 88-75.

Финалето се игра денес во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 21:30 часот.

To top