Кошарка

Кошаркарските јуниори пред полуфиналето: Потребна ни е поддршка од навивачите

Кошаркарските јуниори пред полуфиналето: Потребна ни е поддршка од навивачите

Македонската машка кошаркарска јуниорска репрезентација е пред влез на „А“ дивизија. На нашите јуниори им е потребна уште една победа за да македонската кошарка повторно биде во елитното друштво репрезентативно ниво и тоа денеска од 18:30 часот против Бугарија во полуфиналето на ЕП – Б дивизија.

Нашиот национален тим за кошаркари до 18 години запиша сите победи на сите досегашни мечеви.

Селекторот Горан Андреевски е задоволен од синоќешната победа над репрезентцијата на Португалија, верувајќи дека тоа може да се повтори и со Бугарија.

„Португалија ни беше најтежок противник досега. Не смее да нė залаже високата разлика со која победивме на крајот. Морам да кажам дека потрошивме премногу енергија, особено во одбраната. Како што кажав и пред натпреварот, клучот за победа е одбраната над нивните брзи бекови, а нашите играчи одиграа маестрална одбрана“- вели селекторот по триумфот кој не донесе на чекор до пласна во „А“ Дивизијата“.

To top