Кошарка

Кошаркарските јуниори на Македонија се четвртфиналисти на ЕП Б-дивизија

Кошаркарските јуниори на Македонија се четвртфиналисти на ЕП Б-дивизија

Македонската машка кошаркарска селекција до 18 години години стигна и до четврттата победа по ред во групата „Ц“ од европскиот шампионатот во Скопје.

Македонските јуниори ја совладаа селекцијата на Кипар со резултат од 102: 61. Новиот успех избраниците на селекторот Горан Андреевски го најавија уште во почетните десет минути од играта во кои се стекнаа со двоцифрена предност (24:13).

Најизедначено се играше во втората четвртина во која Кипраните пружија и најголем отпор, но сепак, на полувремето имавме комотно водство (41:29).

Сите дилеми „паднаа“ во оној трет дел од натпревар во кој Македонија одигра и максимално ефикасно. Реализиравме 33 поени, примивме само 14, и практично повторивме уште една одлична четвртина, налик на која нашите јуниори ја имаа на претходните натпревари.

Прв стрелец беше Стојковиќ кој реализираше 20.поени (и четири скока), блиску до двоен ефект беа Луканоски и Ќириловски кои имаа идентичен учинок, по 17.поени и 9.скока. Двоен број на поени запиша и Марјановиќ 13, (плус шест асистенции), додека капитенот Јаничиќ финишираше со 14.поени, седум асистенции и пет скока.

За потврда на одлишните настапи, утре вечер, од 18.30 часот, ќе играме против репрезентацијата на Украина, а во меѓувреме ќе го чекаме расплетот во групата „Д“ од каде ќе го добиеме ривалот во четвртфиналето.

To top