На состанокот во кошаркарската Федерација било договорено да продолжат одредени првенства како: Првата лига жени, Втората и Трета во машка конкуренција кои со натпревари ќе продолжат на 23 април, но се уште е неизвесен плеј-офот во Првата машка лига.
За состанокот во федерацијата инфомрираа судиите.
„Денес се одржа состанок инициран од Здружението на второлигаши, заедно со останатите здруженија и со раководството на федерацијата. Во интерес на кошарката во Македонија, дадени се низа предлози од здруженијата до Судиската организација, кои ќе бидат предмет на одобрување од целото членоство, по што ќе бидете благовремено известени за исходот и за деталите. Конечниот став од службените лица ќе биде соопштен во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на Судиската комисија. Ќе потсетиме причина за застојот се наисплатени плати на делителите на правдата кои не добиле пари од почетокот на 2025 година.