Откако потпиша договор со Давис Бертанс, кошаркарскиот клуб на Дубаи го доведе во своите редови и Ајзеа Тејлор, поранешен кошаркар на Анадолу Ефес и Жалгирис.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати има големи амбиции за првата сезона во јадранското друштво, а тоа го докажува и со квалитетните имиња кои успеа да ги донесе во својот состав.
Ајзеа Тејлор минатата сезона играше за кинескиот Жанжи Лајонс, каде просечно бележеше по 12,4 поени и 5,5 асистенции.
Во Евролигата настапуваше две години и оствари учинок од 5,7 поени по натпревар