На церемонијата која се одржа во хотелот „DoubleTree by Hilton“ беа избрани најдобрите кошарарки и кошаркарки за годината која полека изминува, а во прв план се најдоа Војдан Стојановски и Елена Тасевска.
Стојановски и Тасевска беа прогласени за најдобри во својата конкуренција и ги примија најважните одличја за 2023-та година, но покрај наградите на индивидуален план, се делеа и тимски награди.
Сосема очекувано, МЗТ Скопје беше избран за најдобар машки тим во Македонија, додека во женска конкуренција истото признание го понесе Баскет КАМ.
За најдобар тренер беше изгласан Марјан Илиевски поради одличните резултати во Пелистер, а во женска конкуренција за најдобар тренер беше избран Златко Гоцевски.
За најдобри интернационалци беа одликувани Ненад Димитријевиќ и Анџелика Митрашиновиќ.