Џеј Краудер го очекува пауза од кошарката. Поради двојна повреда на стомачните мускули и бутот на левата нога, 33-годишникот ќе мора „под нож“. Асот на Бакси ќе оди на операција поради која ќе треба да паузира најмалку два месеци.
Иако не е најважен играч на екипата, Краудер со своето искуство носи многу за Милвоки. Сезонава со половична минутажа тој има просек од 8,1 поени и 3,9 скока по натпревар.
foto:nba.com