Кошарка

Кошаркарот на Чикаго во „аут“ најмалку три недели!

Кошаркарот на Чикаго во „аут“ најмалку три недели!

Екипата на Чикаго Булс ќе мора да се снаоѓа без својот одличен играч Џош Гиди најмалку три недели, откако заработи истегнување на левата ложа.

Гиди беше изоставен од тимот и за него следува рехабилитација, јавија од клубот.

Покрај него, Булс ќе бидат без уште неколку други важни играчи – Коби Вајт пропушта најмалку една недела поради повреда на листот, а Зек Колинс ќе биде надвор од теренот околу десет дена.

По 33 одиграни натпревари оваа сезона, Чикаго моментално е на деветтото место во источната конференција, со 16 победи и 17 порази, додека следниот меч го играат против Орландо овој викенд

To top