Женската кошаркарска репрезентација на Македонија беше поразена и од Португалија во четвртиот меч од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Македонските девојки беа поразени со 76:43 во натпревар во кој противникот водеше и доминираше од почетокот до самиот крај.
Португалките беа подобри во сите четири четвртини, најубедливи беа во првиот и третиот период кои ги реализираа со 22:12 и 19:8.
Само една наша кошаркарка беше двоцифрена на натпреварот-Митрашиновиќ со 16 поени. Ова за Македонија беше четврти пораз во исто толку натпревари, наредните две средби во групата ги играме во 2025 година на гостински терен против Србија и Украина.