Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.
Дамите загубија од селекцијата на Украина со 98:47 на натпреварот кој се одигра во СРЦ „Кале“. Украинките беа доминатни во првите три четвртини кои ги реализираа со 26:13, 26:13 и 27:7, додека во завршните десет минути бевме рамноправен противник и бевме надиграни за само три поени (19:16).
Најдобри во нашиот табор беа Митрашиновиќ со 17 поени, 7 скока, 5 асистенции и Хемпе со 16 кошеви и 5 скока.
Во недела не очекува нов меч на истиот терен против соодветната репрезентација на Португалија.