Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство-Дивизијата „Б“ во Плоешти.
Во првото коло бевме надиграни од Ирска со 86:52, додека пак денеска од Грција со резултат 88:46. Избраничките на селекторот Горан Крстевски беа немоќни да направат нешто повеќе против фаворитит кој ги доби сите четири четвртини.
Најдобриот наш период беше оној вториот во кој загубивме со 20:15. Само една македонска кошаркарка беше двоцифрена, Ива Колева со 11 поени на кои додаде 4 скока.
Следниот меч ни е со Бугарија на 6.август кој е закажан за 15.часот.