Кошаркарките на Крива Паланка викендов ќе играат два натпревари во женската регионална ВАБА2 лига.
По гостувањето во Хрватска, на крајот на овој месец им следуваат уште два натпревари на гостински терен во Црна Гора.
Екипата на Подгорица ќе биде организатор и домаќин на турнир кој се игра во во салата „Бемакс“. Покрај Подгорица и Крива Паланка, на турнирот ќе играат и словенечките екипи Марибор и Јежица.
Кошаркарките на Крива Паланка за противник ќе ја имаат екипата Марибор, во натпреварот од 11 часот.
По четири одиграни кола во досегашниот дел од сезоната, екипата на Крива Паланка има скор од три победи и еден пораз.
Тие се на делба на првата позиција заедно со екипите на Брод на Сави, Илирија, и Рајфајзен Дач Клостернбург.